Состојки
- бело пченично брашно1 kg
- сув квасец5 g (или 42 g свеж)
- млеко500 ml
- коцки путер на собна температура200 g
- масло50 ml
- јајце1
- јогурт200 g
- шеќер2 лажици
- сол2 лажички
Подготвување на квасецот
Ако користите свеж квасец, прво подгответе го - во сад ставете 100 ml топло млеко и во него издробете свеж квасец и додајте 2 лажици шеќер. Оставете го да нарасне.
Ставете ги сите состојки во сад, освен путерот.
Ако користите сув квасец, едноставно додајте го во сувите состојки, инаку ставете го подготвениот додаток за квасец.
Измешајте ги состојките, а потоа замесете тесто. За месење препорачуваме да користите кујнски миксер со додаток за месење.
Една по една, месете ги меките коцки путер во тестото.
Месете го тестото додека да стане еластично и мазно.
Покријте го садот со капа за туширање или влажна крпа и ставете го на топлиот дел од кујната.
Оставете го тестото да нарасне за да се удвои количеството - околу 1 час и 30 минути.
Обликување и печење на кифличките
Загрејте ја рерната на 200 °C.
Откако ќе нарасне тестото, нанесете го на набрашнета работна површина и со помош на вага поделете го на топчиња од 60-70 гр. Вкупно околу 35 топчиња.
Секое топче се расукува во една насока, по должината на кифличката, околу 15 cm.
Расуканото тесто обликувајте го во форма на кифличка.
Постапката повторете ја додека не се потроши целото тесто.
Кифличките ги собираме во два плеха за печење, на кои претходно е поставена хартија за печење.
Во сад, измешајте го јајцето со 3 лажици млеко и премачкајте ги кифличките.
Печете ги во два наврата - секој по 13 - 15 минути на 200 ºC.
Откако ќе се изладат, чувајте ги во сад или кеса.