Состојки
- брашно од наут300 g
- газирана минерална вода360 ml
- оцет од јаболко1 лажица
- растително масло2 лажици
- шеќер1 лажичка
- сол1 лажичка
- сода бикарбона1 лажичка
- За печење треба модла за леб долгa 22 cm.
Која друга предност ја има лебот од брашно од наут? Без да ве гризе совест, ќе ја намачкате вашата омилена Аргета на леб повеќе од вообичаено, бидејќи лебот од брашно од наут содржи помалку калории.
Постапка
Рерната се загрева на 190 °C.
Во садот се ставаат сувите состојки - брашно од наут, шеќер, сол и сода бикарбона.
Се мешаат, па се додава растително масло и јаболков оцет.
На крајот, полека и внимателно, се меша и минералната вода.
Сувите состојки се мешаат со влажните, за да се добие течна смеса.
Во модла за леб се става хартија за печење, се истура тестото и се израмнува.
Модлата се става во загреана рерна 35-40 минути.
Со чепкалка проверуваме дали лебот од наут е готов, односно дали таа останува сува по боцкањето на лебот.
Лебот од брашно од наут се остава да се излади во модлата, а оттаму се префрлува на даска и се сече.