Леб од тавче

Леб од тавче
1H 40M

Кога ќе го извадите лебот од тавчето на крајот на процесот и кога ќе го премачкате со растопен путер, толку вкусно ќе замириса во кујната што ќе ви потечат лиги. Лебот од тавче толку убаво изгледа што ќе им остави впечаток не само на членовите на семејството, туку и на гостите, а неговиот вкус е повик за вашата омилена Аргета. Подготовката на лебот од тавче е толку едноставна што сигурно ќе се гордеете со себеси и со својот успех, затоа не двоумете се. Одвојте нешто помалку од два часа и уживајте.

Состојки

  • бело пченично брашно530 g
  • топла вода350 ml
  • маслиново масло2 лажици
  • шеќер1 лажица
  • сув квасец7 g
  • сол1,5 лажички

Постапка

  1. Во поголем сад ставете 530 g брашно, 7 g сув квасец, 1 лажица шеќер и 1,5 лажички сол.

  2. Во брашното направете дупка и внатре истурете 350 ml топла вода.

  3. Измешајте сè, а потоа измесете го во садот за да се собере целото брашно.

  4. Месете го тестото 10 минути за да биде мазно и еластично.

  5. Најлесно ќе биде да користите кујнски робот со додаток за месење.

  6. Садот се покрива со капа за туширање или со влажна крпа и се остава 30 минути на топло место.

  1. Обликувајте го тестото во леб така што ќе го соберете со прстите во една точка за да добиете погуста површина, а потоа превртете го и со дланките свртени нагоре повлечете го кон средината.

  1. Префрлете го лебот во тава од леано железо, премачкана со масло.

  2. Покријте го и оставете го уште 30 минути за да нарасне.

  3. За тоа време, загрејте ја рерната на 200 °C.

  4. Направете крст на површината на лебот со жилет или остар нож, а потоа ставете ја тавата во загреана рерна.

  1. Печете го лебот од тавче 20-25 минути.

  1. Веднаш штом ќе го извадите од рерна, ставете го на решетка и премачкајте го со растопен путер.

Збогатете ја својата
е-пошта со нашиот билтен!

Ветуваме дека ќе ви испраќаме само највкусни пораки! #SpreadGood

Какви вести сакате да добивате?

´