Леб со афион

Леб со афион
2H 45M

Зарем не е прекрасно чувството да каснете крцкав и ароматичен леб со афион? Лесен е за подготовка и ќе ви требаат околу 45 минути за печење, откако тестото ќе нарасне. Домашниот леб со афион е совршен за појадок или како одлична закуска со Argeta, број 1 месните и рибни паштети во Европа. Не двоумете се да ги засукате ракавите и да започнете со подготовка на вашиот сопствен леб со афион. Уникатната комбинација на афион и меката средина можеби ќе стане вашата специјалност.

Состојки

  • брашно, тип 500500 г
  • сув квасец7 г
  • сол15 г
  • масло4 лажици
  • шеќер45 г
  • млако млеко170 мл
  • млака вода150 мл
  • путер на собна температура50 г

Постапка

Тесто:

  1. Ставете ги сите состојки, освен путерот, во сад и мешајте додека не добиете хомогена смеса (ова трае околу 2 минути со процесор за храна).

  2. Додадете ги парчињата путер на собна температура, а потоа месете го тестото 7 минути или додека путерот не се соедини и тестото не стане мазно.

  3. Обликувајте топка со затегнување на краевите надолу за да  добиете мазна површина.

  4. Покријте го тестото со проѕирна фолија или влажна крпа.

  5. Оставете го тестото да нарасне на топло место додека не го удвои волуменот, што ќе трае околу 1 час.

Обликување:

  1. Префрлете го тестото на работната површина без брашно (најдобро е да користите силиконска подлога).

  2. Обликувајте го тестото во долгнавеста форма и поделете го на 8 еднакви делови. Секое парче треба да тежи околу 120 грама.

  3. Секое парче поделете го на три помали (40 грама секое), а потоа развлечете ги во долги стапчиња со еднаква должина.

  4. Исплетете ги, спојувајќи ги на краевите.

  5. Наредете ги плетенките на плех обложен со хартија за печење.

  6. Покријте ги со проѕирна фолија и оставете ги да нараснат  45-60 минути.

Печење:

  1. Загрејте ја рерната на 180°C.

  2. Сварете мала количина вода и ставете ја во огноотпорен  сад.

  3. Измешајте јајце и 5 лажици млеко, а потоа премачкајте ги плетенките.

  4. Посипете ги со афион.

  5. Ставете го плехот со лебот и садот со вода во рерната.

  6. Печете на 180°C 10 минути, потоа извадете го садот со вода и продолжете да печете уште 10-15 минути додека не добијат златна боја.

Доколку го споделувате овој рецепт, не заборавајте да додадете #АrgetaЛеб. 😉

Збогатете ја својата
е-пошта со нашиот билтен!

Ветуваме дека ќе ви испраќаме само највкусни пораки! #SpreadGood

Какви вести сакате да добивате?

´