Состојки
- бело пченично брашно450 г
- сол1,5 лажичка
- топла вода380 мл
- сув квасец1 кесичка
- активен јаглен2 лажички
Алатки
Хартија за печење
Тенџере со капак од леано железо
Стругалка за тесто
Постапка
Тесто:
Растворете го активниот јаглен во топлата вода.
Во сад измешајте го брашното, сувиот квасец и солта.
Додадете ја водата со јагленот и мешајте со дрвена лажица додека не добиете хомогена смеса – не го месете тестото.
Покријте го садот со фолија и оставете го тестото да нарасне на топло место 2 часа.
Подготовка на садот за печење:
Ставете го леаното тенџере со капакот во рерна и загрејте го на 220°C еден час.
Обликување и печење:
Префрлете го тестото на добро набрашнета површина.
Со стругалката обликувајте го тестото во форма на векна, подигајќи ги краевите и притискајќи ги во средината одозгора, повторувајќи го процесот на сите страни.
Префрлете ја векната на хартија за печење.
Внимателно извадете го загреаното тенџере од рерната, ставете ја хартијата со векната внатре и веднаш покријте со капак.
Печете 30 минути со капак на 220°C, а потоа уште 10-15 минути без капак додека лебот не стане златно-кафен.
Оставете го лебот да се излади на решетка.
Доколку го споделувате овој рецепт, не заборавајте да додадете #АrgetaЛеб. 😉