Леб со кромид

Леб со кромид
3H 45M

Лебот со кромид е толку вкусен што може да се јаде самостојно, но кога ќе го намачкате со Argeta, број 1 паштетата од месо и риба во Европа, добивате вистинско гурманско задоволство! Зошто се толку добри заедно? Лебот со кромид е совршен додаток на солените јадења. Кромидот додава благ вкус и посебен мирис, па засукајте ги ракавите, загрејте ја рерната и започнете со подготовка на овој вкусен леб.

Состојки

  • бело пченично брашно600 г
  • брашно од спелта200 г
  • сол17 г
  • сув квасец9 г
  • шеќер1 лажица
  • млака вода560 мл

Постапка

Карамелизиран кромид:

  1. Исечкајте го кромидот на мали коцки.

  2. Загрејте масло на средно висока температура во тава.

  3. Додајте го кромидот и солта, па пржете полека, мешајќи редовно, околу 45 минути додека не омекне и не се карамелизира.

  4. Пред крај, додајте шеќер и мешајте уште неколку минути. Оставете го кромидот да се излади.

Тесто:

  1. Во сад ставете ги брашната, сувиот квасец, шеќерот и солта.

  2. Додајте ја млаката вода и замесете еластично тесто. Бидејќи тестото е лепливо, препорачливо е да користите процесор за храна.

  3. Месете го тестото 10-15 минути.

  4. Додајте го изладениот карамелизиран кромид и продолжете со месење уште 2 минути.

  5. Покријте го тестото со фолија или влажна крпа и оставете го да нарасне на топло место еден час.

Обликување и печење:

  1. Ставете го тенџерето од леано  железо во рерна и загрејте го на 220°C најмалку 45 минути.

  2. Префрлете го тестото на набрашнета површина и обликувајте го во векна.

  3. Ставете го тестото во кошница за нараснување, покријте го и оставете го да нарасне уште 30 минути.

  1. Внимателно превртете го тестото на хартија за печење и со нож направете шари на површината.

  2. Ставете го тестото во загреаното тенџере, покријте со капак и печете 20 минути.

  3. Отстранете го капакот и продолжете со печење уште 20 минути на 180°C додека не добие златна боја.

  4. Оставете го лебот да се излади на решетка пред да го послужите.

Доколку го споделувате овој рецепт, не заборавајте да додадете #АrgetaЛеб. 😉

Збогатете ја својата
е-пошта со нашиот билтен!

Ветуваме дека ќе ви испраќаме само највкусни пораки! #SpreadGood

Какви вести сакате да добивате?

´