Леб со сусам

Леб со сусам
2H 25M

Дали би сакале да каснете вкусно парче леб со сусам? Сусамот додава пријатен мирис и крцкавост на лебот. Лебот со сусам е лесен за подготовка и е одличен додаток на разни јадења. Брзо се прави, и потребно е само малку време за тестото да нарасне. Пробајте го рецептот денес и влезете во  светот на домашниот леб со сусам. Зошто да го купувате од пекарница кога можете да направите подобар леб дома?

Состојки

  • бело пченично брашно500 г
  • млака вода270 мл
  • сол1 лажичка
  • сув квасец7 г
  • шеќер1 лажичка
  • маслиново масло5 лажици
  • сусам3 лажици

Postopek

Тесто:

  1. Во сад ставете ги брашното, сувиот квасец, шеќерот и солта.

  2. Додадете маслиново масло и млака вода, а потоа замесете меко и еластично тесто.

  3. Месете го тестото 7-10 минути.

  4. Додадете го сусамот  во тестото и кратко месете за рамномерно да се распореди.

  5. Покријте го садот со фолија или влажна крпа и оставете го тестото да нарасне  на топло место еден час.

Обликување и печење:

  1. Загрејте ја рерната на 170°C.

  2. Префрлете го тестото на набрашнета површина и обликувајте го во правоаголник со помош на дланките.

  3. Свиткајте го правоаголникот во форма на векна и префрлете го во намастен калап за леб.

  1. Премачкајте ја површината на лебот со млеко и посипете ја со сусам.

  2. Оставете го лебот да нарасне  во калапот уште 20 минути.

  3. Печете го на 170°C 40-45 минути.

  4. Извадете го лебот од калапот и оставете го да се олади пред сервирање.

Доколку го споделувате овој рецепт, не заборавајте да додадете #АrgetaЛеб. 😉

Збогатете ја својата
е-пошта со нашиот билтен!

Ветуваме дека ќе ви испраќаме само највкусни пораки! #SpreadGood

Какви вести сакате да добивате?

´