Леб со зачински билки

Леб со зачински билки
2H 35M

Зошто да не го збогатите вашето дневно мени со вкусен леб со зачински билки? Комбинацијата од босилек, оригано, мајчина душица, рузмарин и лук во прав ќе ги освои вашите вкусови и ќе отвори нови димензии на задоволство. Лебот со зачински билки ќе ве воодушеви, па не двоумете се да го направите. Иако е лесен за подготовка, ќе ви требаат околу три часа. Но, вреди да се почека, бидејќи ова е специјален леб со прекрасен вкус.

Состојки

  • бело пченично брашно450 г
  • вода260 мл
  • сол1 лажичка
  • маслиново масло3 лажици
  • сув квасец7 г
  • сув босилек0,5 лажичка
  • оригано0,5 лажичка
  • мајчина душица0,5 лажичка
  • рузмарин0,5 лажичка
  • лук во прав0,5 лажичка

Постапка

Тесто:

  1. Ставете го брашното, солта, зачините и сувиот квасец во сад.

  2. Додадете  ја топлата вода и маслиновото масло.

  3. Замесете меко и еластично тесто, месете го околу 10 минути.

  4. Покријте го тестото со влажна крпа и оставете го да нарасне до двојна големина, што ќе трае околу еден час.

Обликување и печење:

  1. Префрлете го тестото на набрашнета површина и обликувајте го во форма на векна.

  2. Покријте го и оставете го да нарасне  уште 30 минути.

  3. Загрејте ја рерната на 200°C.

  4. Додадете малку вода во огноотпорен сад и внимателно ставете го во рерната за да создадете пареа.

  5. Попрскајте малку брашно на површината на лебот, а потоа со жилет  или нож исечете шаблон по желба.

  1. Печете го лебот на 200°C 15 минути, потоа отстранете го садот со вода и намалете ја температурата на 190°C.

  2. Продолжете со печење уште 20-30 минути додека лебот не стане златно-кафен.

  3. По печењето, оставете го лебот да се излади на решетка.

Доколку го споделувате овој рецепт, не заборавајте да додадете #АrgetaЛеб. 😉

Збогатете ја својата
е-пошта со нашиот билтен!

Ветуваме дека ќе ви испраќаме само највкусни пораки! #SpreadGood

Какви вести сакате да добивате?

´