Состојки
- брашно450 г
- сув квасец1 кесичка
- лук во прав1 лажичка
- маслиново масло2 лажици
- топла вода360 мл
- мешани, маслинки без семки150 г
- сол1,5 лажичка
Постапка
Тесто:
Измешајте брашно, сув квасец, лук во прав и сол во сад.
Додадете маслиново масло и топла вода, а потоа мешајте со дрвена лажица додека не добиете хомогена смеса – не го месете тестото.
Измешајте ги грубо исечканите маслинки.
Покријте го садот со проѕирна фолија и оставете го да нарасне на топло место 2 часа.
Подготовка на садот за печење
Ставете го леаното тенџере со капак во рерната и загрејте го на 220°C еден час.
Обликување и печење:
Префрлете го тестото на добро набрашнета површина.
Со стругалката, обликувајте го тестото во форма на векна, подигнувајќи ги краевите и притискајќи ги во средината.
Пренесете го тестото на хартија за печење.
Внимателно ставете ја хартијата со тестото во загреаното тенџере, поклопете и печете 30 минути на 220°C.
Отстранете го капакот и печете уште 10-15 минути додека не добие златна боја.
Изладете го лебот на решетка пред да го послужите.
Доколку го споделувате овој рецепт, не заборавајте да додадете #АrgetaЛеб. 😉