Пивски леб

Пивски леб
1H

Се прашувате која е тајната на пивскиот леб, што е толку лесен и мек? Тоа е сигурно вистинската комбинација на пиво и стопен путер со која ќе ја прелиете површината. Пивскиот леб се подготвува многу лесно и нема да ви одземе многу време со оглед на тоа дека за нешто повеќе од 1 час, на него ќе можете да ја нанесете вашата омилена Аргета. Загрејте ја рерната, подгответе ги состојките и одберете го омиленото пиво, а притоа уживајте во вашиот нов омилен пивски леб.

Состојки

  • брашно400 g
  • прашок за пециво1 кесичка
  • сол1 лажичка
  • пиво350 ml
  • путер120 g

Постапка за подготовка на пивски леб

  1. Загрејте ја рерната на 180 °C.

  2. Растопете го путерот на тивок оган или во микробранова печка.

  3. Половината од стопениот путер измешајте го со брашното, прашокот за пециво, солта и пивото.

  1. Добиената смеса ставете ја во подмачкана тава за леб од 20 см.

  2. Површината се прелева со останатиот стопен путер.

  3. Пивскиот леб се пече 50 минути на 180 °C.

  1. По печењето, се остава 5 минути во модла, а потоа се префрла на решетката за да се излади.

Збогатете ја својата
е-пошта со нашиот билтен!

Ветуваме дека ќе ви испраќаме само највкусни пораки! #SpreadGood

Какви вести сакате да добивате?

´