Плетенка

Плетенка
2H 40M

Ако сте уморни од истиот вид леб секој ден, препуштете ѝ се на  вашата креативност и почнете да подготвувате плетенка која ќе го збогати вашето мени и ќе ги импресионира сите кои ќе ја пробаат. Плетенката е мека и воздушеста, но бидејќи тестото се користи за правење плетенка, мора да биде соодветно цврсто и добро нараснато. Тоа е најголемата тајна, а во спротивно, правењето на ова вкусно ремек-дело е многу лесно. Затоа, одвојте помалку од три часа од вашето време и уживајте во подготовката!

Состојки

  • бело пченично брашно500 г
  • сол1 лажичка
  • сув квасец7 г (1 кесичка)
  • шеќер1 лажица
  • растопен путер60 г
  • топло млеко30 мл

Постапка:

Тесто:

  1. Во сад измешајте ги брашното, солта, квасецот и шеќерот.

  2. Доададете го топлото млеко и растопениот путер, а потоа месете го тестото додека не стане меко и еластично (околу 10 минути).

  3. Покријте го тестото со влажна крпа и оставете го да нарасне додека не го удвои волуменот, што ќе трае околу 1 час.

Обликување и печење:

  1. Префрлете го тестото на набрашнета површина и поделете го на два еднакви дела.

  2. Секој дел обликувајте го во долга „змија“ со еднаква дебелина.

  3. Поставете ги двете „змии“ под прав агол, така што ќе се преклопуваат на средината.

  4. Земете го долниот дел од едната „змија“ и преклопете го преку средината, па повторете со горниот дел од другата „змија“.

  1. Продолжете со преклопување додека не завршите со плетенката. Спојте ги краевите на плетенката.

  2. Префрлете ја плетенката на плех обложен со хартија за печење.

  3. Измешајте ја жолчката со млекото и премачкајте ја плетенката со четка.

  1. Оставете ја да нарасне уште 30 минути додека ја загревате рерната на 180°C.

  2. Печете ја плетенката 30-35 минути на 180°C додека не добие златно-кафена боја.

  3. Откако ќе ја испечете, оставете ја плетенката да се олади на решетка пред сервирање.

Доколку го споделувате овој рецепт, не заборавајте да додадете #АrgetaЛеб. 😉

Збогатете ја својата
е-пошта со нашиот билтен!

Ветуваме дека ќе ви испраќаме само највкусни пораки! #SpreadGood

Какви вести сакате да добивате?

´