Едноставен рецепт за леб без глутен

Едноставен рецепт за леб без глутен
1H

Иако главната разлика меѓу лебот без глутен и другиот леб е во самото брашно без глутен, добриот рецепт е секогаш важен, бидејќи таквиот леб бара малку поинаква подготовка.

Состојки

  • безглутенско брашно600 g
  • млака вода480 ml
  • сол8-10 g
  • сончогледово масло60 ml
  • сув квасец10 g

За оние кои забележуваат знаци на надуеност или имаат проблеми со варењето по јадење глутенски оброк, подготвивме едноставен рецепт за леб без глутен. Додадовме мешавина од семки, бидејќи тие ја подорбуваат хранливата вредност. На пример, семките од тиква се богати со витамин Е, лененото семе е богат извор на омега-3 масни киселини, а семките од сончоглед се одличен извор на витамин Е и на линолеинска киселина. Вашата омилена Аргета можете безгрижно да ја нанесете на лебот без глутен, бидејќи се подготвува по рецепт БЕЗ (ослободено од) - без конзерванси, без вештачки бои, без вештачки засилувачи на вкус и без глутен.

Постапка

  1. Ставете ги сите состојки во сад за обработка на храна.

  1. Мешајте 30 секунди на тивко, а потоа уште 5 минути на силно.

  2. Во модла за леб долг 25 cm, поставете парче хартија за печење, ставете го тестото во неа и израмнете го.

  3. Покријте го садот со фолија и оставете го на топло 1 час за да стаса тестото.

  4. Загрејте ја рерната на 200 °C.

  5. Изматете го јајцето со 2 лажици млеко за премачкување на површината на лебот. Мешавината семки посипете ја врз неа.

  1. Ја ставаме модлата во рерна, а на дното од рерната се става огноотпорен сад со 3 dl врела вода.

  2. Лебот се пече 40 минути, а 10 минути пред крајот внимателно се вади садот со вода од рерната.

  1. Лебот без глутен се вади од модлата и се остава да се излади.

Откријте ги вкусовите
Кокошкина

Откријте ги вкусовите

Збогатете ја својата
е-пошта со нашиот билтен!

Ветуваме дека ќе ви испраќаме само највкусни пораки! #SpreadGood

Какви вести сакате да добивате?