Состојки
- 'ржано брашно400 g
- кисело млеко500 ml
- златен сируп / меласа75 ml
- сол1 лажичка
- сода бикарбона2 полни лажички
Постапка
Загрејте ја рерната на 175 °C.
Во сад измешајте 'ржано брашно, сол и сода бикарбона.
Додајте кисело млеко и златен сируп - ако не најдете сируп, може да користите исто количество меласа.
Измешајте добро сè заедно.
Добиената маса ставете ја во модла за леб долг 25 см, во која претходно ставивме хартија за печење.
Двопекот се пече 1 час на 175 ºC.
По печењето, се вади лебот од модлата и се лади на решетка.