Совршен ѓеврек

Совршен ѓеврек
2H 15M

Зошто за појадок да не се почестите со вкусен тркалезен ѓеврек? Лебот потекнува од еврејската кујна, го симболизира кругот на животот и носи среќа. Но, бидејќи велат дека понекогаш е добро да се предизвика среќата, зачинете го вашиот утрински ритуал и направете свежи ѓевреци. Подготовката е едноставна, а печењето трае само 20 минути. Утринскиот мирис на свеж ѓеврек и вкусот на вашата омилена Аргета ќе ви го направат денот толку убав од самото утро за ништо да не може да ве исфрли од рамнотежа подоцна. Знаете - по добар појадок, денот се познава.

Состојки

  • брашно од бела пченица600 g
  • сув квасец7 g
  • шеќер1 лажица
  • сол1,5 лажички
  • топла вода300 ml
  • масло3 лажици

Тесто

  1. Во поголем сад изматете ги брашното, сувиот квасец, шеќерот и солта.

  2. Измешајте ги состојките и направете дупка во средината.

  3. Истурете топла вода и масло.

  4. Измешајте сè заедно, па замесете цврсто и мазно тесто.

  5. Покријте го садот со проѕирна капа за туширање или со влажна крпа.

  6. Оставете го тестото да нарасне 1 час во топлиот дел од кујната.

Обликување

  1. Поделете го тестото на 9 приближно еднакви дела.

  2. Со дланките направете топчиња од сите делови.

  3. Оставете ги топчињата 10 минути за да се ослободи глутенот во нив.

  1. Израмнете го топчето со прстите, а потоа направете дупка во средината и со дланките обликувајте го во еднакво дебел прстен.

  2. На овој начин ги обликуваме и другите парчиња тесто.

  3. Ѓевреците ги покриваме и ги оставаме да нараснат 30 минути.

Готвење и печење

  1. Загрејте ја рерната на 210 °C.

  2. На оган ставете големо тенџере со вода и оставете го да зоврие.

  3. Внимателно ставете толку ѓевреци, колку што е потребно за тие да можат лесно да испливаат на површината.

  4. Варете ги по 1-2 минути од двете страни, а потоа префрлете ги во пекач покриен со хартија за печење.

  1. Ѓеврекот се премачкува со изматено јајце и се посипува со сусам.

  1. Печете ги околу 20 минути додека не поруменат.

Збогатете ја својата
е-пошта со нашиот билтен!

Ветуваме дека ќе ви испраќаме само највкусни пораки! #SpreadGood

Какви вести сакате да добивате?

´