Состојки
- брашно500 г
- сув квасец1 кесичка (7 г)
- сол1 лажичка
- шеќер1 лажичка
- млеко300 мл
- маслиново масло3 лажици
Тесто
Во сад измешајте брашно, сув квасец, шеќер и сол.
Додадете го маслиновото масло и млакото млеко, а потоа замесете меко и еластично тесто.
Месете го тестото 7-10 минути.
Покријте го садот со фолија или влажна крпа и оставете го тестото да нарасне на топло место еден час.
Обликување и печење:
Загрејте ја рерната на 200°C.
Префрлете го тестото на набрашнета површина и поделете го на парчиња од 50 грама.
Обликувајте ги парчињата во топчиња, покријте ги и оставете ги да нараснат 15 минути.
Нежно сплескајте ги секое топче со оклагија, а потоа со дршката на дрвена лажица притиснете по средината за да ја добиете формата на земичка.
Ставете ги земичките на плех обложен со хартија за печење.
Во долниот дел од рерната ставете сад со врела вода и заедно ставете го плехот со земичките.
Печете 10 минути, отстранете го садот со вода и продолжете да печете уште 5-10 минути додека не добијат златно-кафена боја.
Оставете ги земичките да се изладат на решетка.
Доколку го споделувате овој рецепт, не заборавајте да додадете #АrgetaЛеб. 😉