Го подобривме нутритивниот состав на намазите Argeta Junior

Одржливост0 min
Во Аргета сме целосно посветени на одржлив развој и визијата да понудиме и развиваме нутритивно најбалансирани производи. Но, што значи ова за нашите лојални потрошувачи?

Како дел од програмата за одржлив развој, една од нашите заложби кон потрошувачите е и развој и обезбедување на нутритивно избалансирани производи. Со ова сакаме дополнително да ја надградиме нашата филозофија за обезбедување на најдоброто – поради тоа производите на Аргета содржат само внимателно одбрани парчиња месо или риба, природни зачини и растителни масла. Рецептот БЕЗ гарантира дека во нашите намази не содржат конзерванси, вештачки бои, вештачки засилувачи на вкус, глутен или палмино масло. А бидејќи постојаното подобрување и напредок е запишано во нашата ДНК, не застанавме ниту на рецептот.

Со цел децата уште повеќе да уживаат во избраните и природни состојки, а родителите без грижа да ги зачинуваат оброците со намазите Argeta Junior, се обврзуваме секогаш да го нудиме само најдоброто.

Нашиот оддел за развој се справи со задачата со најголема посветеност и одговорност и постигна извонредни резултати. По неколкугодишно истражување и тестирање на различни рецепти, успеавме да создадеме намази со помала содржина на маснотии, поточно со максимум 20% маснотии. Новиот рецепт содржи и помалку сол и повеќе протеини, поради што гордо ја носи и ознаката „висока содржина на протеини“.

А што е со вкусот?

Без грижи! Главната водилка за подобрување на нутритивниот состав беше да се зачува исклучителното лесно мачкање по која е позната Аргета и препознатливиот вкус што децата го сакаат со години.

Поради тоа намазите Argeta Junior остануваат висококвалитетен и целосно безгрижен оброк за децата и нивните родители. Сепак, нашата работа не завршува тука – ќе продолжиме да се трудиме да ги подобруваме и развиваме производите со најдобар квалитет за нашите најмлади.

Збогатете ја својата
е-пошта со нашиот билтен!

Ветуваме дека ќе ви испраќаме само највкусни пораки! #SpreadGood

Какви вести сакате да добивате?