Argeta Bread
Посветени сме да го намалиме влијанието на Argeta врз животната средина за 20 %.
Посветеност кон животната средина

Посветени сме да го намалиме влијанието на Argeta врз животната средина за 20 %.

Убедени сме дека не е доволно производот да биде само квалитетен и вкусен, туку дека мора да ја исполни и својата цел во другите области. Сакаме да создадеме производи што не ја загадуваат животната средина, па, затоа, посебен акцент ставаме врз усогласеноста на производството, циркуларната економија и економичното управување со ресурсите.

Одржлива и рециклирачка амбалажа
Прва заложба кон животната средина

Одржлива и рециклирачка амбалажа

Сакаме да го зголемиме количеството рециклирачки материјали што се користат во амбалажата.

Посветеност и цели до 2030 година:

  • Ќе направиме целосен премин кон картонска и хартиена амбалажа со сертифицирана суровина од FSC.

Сакаме да ја намалиме количината хартија и пластика што ја користиме.

Посветеност и цели до 2030 година:

  • Декларациите ќе ги печатиме директно на пакувањето, без да користиме налепници.

Алуминиумот во амбалажата на Argeta е вреден ресурс што може да се користи одново и одново, но, само ако пакувањето е исчистено и правилно сортирано. Со цел да се искористи што е можно повеќе од амбалажата, сакаме да ги едуцираме потрошувачите преку комуникација и проекти.

Посветеност и цели до 2030 година:

  • Ќе ги едуцираме потрошувачите за тоа како правилно да го сортираат отпадот и на тој начин ќе се обидеме да го вратиме поголемиот дел од алуминиумската амбалажа за повторна употреба.

Намалување на количеството отпад од храна
Втора заложба кон животната средина

Намалување на количеството отпад од храна

Ги поттикнуваме потрошувачите да го намалат отпадот од храна

Сакаме да го зголемиме бројот на пакувања, кои овозможуваат оптимална употреба на производот, и со подигање на свеста кај потрошувачите да ја исполниме визијата за нула отпад од храна.

Посветеност и цели до 2030 година:

  • Ќе едуцираме за важноста од намалување на отпадот од храна.

  • Ќе им овозможиме на потрошувачите решенија за намалување на количината на отпад од храна.

Одржлива потрошувачка на енергија и вода и управување со отпад
Трета заложба кон животната средина

Одржлива потрошувачка на енергија и вода и управување со отпад

Сакаме да го намалиме нивото на потрошената вода во нашите производствени локации.

Посветеност и цели до 2030 година:

  • Ќе го намалиме количеството на потрошена вода по тон производ за 8 %.

На нашите сопствени производствени локации сакаме да го намалиме уделот на употреба на хемикалии.

Сакаме да го намалиме количеството тиња од нашата пречистителна станица.

Посветеност и цели до 2030 година:

  • Количеството тиња од нашата пречистителна станица ќе ја намалиме за 90 %.

Од зборови до дела

Се вели дека ветувањата се само ветувања додека не ги исполните. Ние целосно се согласуваме со тоа. Исполнуваме некои од нашите ветувања преку проекти, кои се претставени подолу.

Повеќе за нашите заложби
Збогатете ја својата
е-пошта со нашиот билтен!

Ветуваме дека ќе ви испраќаме само највкусни пораки! #SpreadGood

Какви вести сакате да добивате?

´