За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

08.08.2022

Argeta Exclusive Академијата, веќе трета година ги отвора своите врати

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Argeta Exclusive Академија веќе трета година расте, се развива и продолжува да ги шири кулинарските вештини кај младите, талентирани студенти по гастрономија. Младите готвачи добиваат можност да работат и да го збогатат своето знаење од познати готвачи како шеф-готвач Јанез Братовж од ресторан JB, шеф-готвач Тео Фернетич од ресторан Сан Роко, шеф-готвач Давид Врачко од ресторан Мак, шеф-готвач Нина Чарман од Гостилна & Винотека Данило и шеф-готвач Лука Кошир од Гостишче Грич.

Кој не би сакал да учи од најдобрите словенечки и хрватски шеф-готвачи, кои во минатото оставија белег и во светот на Argeta Exclusive со нивните исклучителни кулинарски креации? Секоја година, ова бесценето животно искуство оди кај двајца најдобри студенти по гастрономија од Хрватска и Словенија, кои се предложени од професори од избраните кулинарски училишта. Словенечкиот кандидат се избира во Биотехничкиот образовен центар Љубљана, додека хрватскиот кандидат на Универзитетот ASPIRA.

Оваа година, кандидатите кои ја добиваат оваа одлична можност се Јуре Цесар и Карло Габровац

Во првата сезона на Argeta Exclusive Академија во 2020 година, беа избрани младите таленти Јака Мартинчич и Ана Муциќ, во 2021, Анже Билбан и Инес Јуришиќ запловија во водите на високото кулинарство на врвните шеф-готвачи, а оваа година во кујните ќе работат Јуре Цезар и Карло Габровац.. Тие ќе направат едномесечна пракса во различни кујни на словенечки и хрватски шеф-готвачи, каде што ќе имаат можност од прва рака да ја научат филозофијата на нивните ментори, ќе научат многу нови техники кои овозможуваат подготовка на јадења во поинаков начин, и ќе добијат одличен увид за тоа како врвното кулинарство се менува и како расте свеста за квалитетот на локални состојки.

Во Аргета, добро знаеме дека животот е она што сами правиме од него, и затоа на младите готвачи од Словенија и Хрватска им даваме можност да учат од најдобрите и на тој начин да создаваат јадења со врвен квалитет. Поврзувајќи ги младите со шеф-готвачи кои го споделуваат своето богато искуство и знаење, Аргета ја презема одговорноста за развојот на словенечкото и регионалното кулинарство. 

Од зборови до дела

Се вели дека ветувањата се само ветувања додека не ги исполните. Ние целосно се согласуваме со тоа. Исполнуваме некои од нашите ветувања преку проекти, кои се претставени подолу.

Од зборови до дела

Се вели дека ветувањата се само ветувања додека не ги исполните. Ние целосно се согласуваме со тоа. Исполнуваме некои од нашите ветувања преку проекти, кои се претставени подолу.