За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Аргета има нов изглед.

Време за читање 6 min Сподели

Аргета, која ја следи филозофијата на најдобрите, по шест години ги израдува своите обожаватели со нов, помодерен дизајн.

Нова ера на намазите Аргета.

Подобрување на производот и поместување на границите во областа во која работиме отсекогаш било запишано во нашата ДНК. Ова континуирано подобрување на производот и неговиот рецепт ни овозможува да бидеме лидер на пазарот во повеќето европски земји и, пред сè, да останеме првиот избор на потрошувачите низ цела Европа.

Со новиот дизајн на нашето пакување, ние се оддалечивме од индустрискиот изглед кој преовладува кај конкурентите во категоријата и додадовме повеќе боја на оној студен дизајн на кој сме навикнати, вообичаен кај производите од месо и риба. Новиот изглед на пакувањата на Аргета им се обраќа на нашите обожаватели на поинаков, позабележителен начин. Како централен елемент на новиот дизајн, илустрацијата го приближува потрошувачот до карактерот и приказната зад секој вкус.

Што може да понуди новиот дизајн?

Преку нов пристап кон презентирање на содржината, го менуваме визуелниот идентитет на целиот сет на намази од месо и риба на Аргета, а подоцна и на сите детски намази Аргета Јуниор и премиум линијата Аргета Ексклузив.

Опсегот на производи на Аргета е широк и дозволува секој да го најде својот омилен вкус. Сепак, за обожавателите на Аргета да го најдат посакуваниот вкус уште полесно и побрзо, новиот визуелен дизајн на пакувањето е придружен со повеќе од 20 различни илустрации кои ќе ви кажат нешто ново секој пат и ќе ве одведат во еден сосема поинаков свет. На новиот дизајн на Аргета, илустрациите додаваат топлина и ја отвораат вратата за вашата незапирлива фантазија. Со својата живописност, новиот дизајн на амбалажата ќе го збогати и разубави секој ваш оброк придружен со вкусни намази. Овој богат, но во исто време, стилизиран изглед ги сумира карактерот и целата приказна за индивидуалниот вкус.

Новиот визуелен изглед е потопол и ги отвора вратите на фантазијата!

Мисијата на Аргета е да се стреми кон најдоброто. Со подобрување на производот и одвнатре и однадвор, ја следиме нашата зацртана визија, каде што секогаш го носиме потрошувачот во прв план. Ова е очигледно и во нашата нова комуникациска платформа, која се базира на обновениот идентитет на Аргета. Се ре-позициониравме како бренд со мисија да ги инспирираме и зајакнеме поединците со потпишување на платформата: „Животот е таков каков што ќе го направиме“.

Во Аргета, ние сакаме да се оддалечиме од техничката и функционално ориентирана комуникација. Ние ги покажуваме емоциите и приказните што ги движат животите на нашите потрошувачи. Ова го следевме и во новиот визуелен идентитет на пакувањето на Аргета, кој описно ја манифестира нашата перцепција за светот, ја отвора вратата за фантазијата и го поддржува вкусот на Аргета преку дизајнот на пакувањето.

Со новиот дизајн, секој залак на Аргета е искуство на емпириско и сензорно ниво, а во исто време, обновувањето на пакувањето носи засилување на позицијата на најдобриот производ во категоријата.

Авторот на новото пакување на Аргета е агенцијата Yootree. Тие велат дека „новата слика за дизајнот на пакувањето на Аргета визуелно го рефлектира карактерот на индивидуалниот вкус со оцртување и илустрација на приказни. Предноста на овој тип на концепт за брендирање е што со употреба на разни мотиви на пакувањето на Аргета, претставуваме широк спектар на вкусови на нашите обожаватели и им нудиме разновидно и автентично визуелно искуство.“

Идејното решение на илустрациите на Yootree именува две суштински карактеристики:

  1. дистинкција на вкусовите со суптилно прикажаната силуета на видот на месото од кое е направен намазот
  2. чувство за потеклото и природата на секој вкус, што преку илустрации на силуети претставуваат разни мотиви, како авантуристички мотив во форма на ноќно кампување во природа, празник на недопрениот Медитеран, свежи пасишта на алпските планини или ориентален мотив на Магреб.

На прашањето кое пакување на Аргета е омилено кај Yootree, тие одговорија дека им се допаѓаат сите нови пакувања, бидејќи секое има своја приказна и уникатни карактеристики. „Создавајќи амбалажа во време на пандемија и масовна изолација, особено ни се допаѓа фактот што сè уште можеме да вкусиме барем некои од убавините на светот дома, заедно со пакувањата на Аргета“.

Но, што е со вкусот?

Секако, ја зачувавме најважната работа за крај. И покрај целосната промена во дизајнот на нашето пакување, вкусот на намазите Аргета продолжува да биде оној што најмногу ви се допаѓа – уникатен, кремлив и полн со вкус.

Во животот е добро да се види доброто. Затоа, не пропуштајте го новиот изглед на намазите Аргета и денес почестете се со вашиот омилен вкус.

Веќе можете да ги видите сите новости на нашата веб страница.

Повеќе