За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Леб од брашно од наут

ВРЕМЕ ЗА ЧИТАЊЕ 3 min Сподели

Брашното од наут е богато со протеини и влакна и е одлична замена за обичното брашно. Затоа е многу популарно кај оние што се обидуваат да го намалат количеството на јаглехидрати во својата исхрана. Поради својот јаткаст вкус и уникатната текстура, брашното од наут го прави лебот пријатно комплексен и создава чувство на ситост.

Која друга предност ја има лебот од брашно од наут? Без да ве гризе совест, ќе ја намачкате вашата омилена Аргета на леб повеќе од вообичаено, бидејќи лебот од брашно од наут содржи помалку калории.

Состојки

300 g брашно од наут
360 ml газирана минерална вода
1 лажица оцет од јаболко
2 лажици растително масло
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1 лажичка сода бикарбона

За печење треба модла за леб долгa 22 cm.

Постапка

1. Рерната се загрева на 190 °C.

2. Во садот се ставаат сувите состојки – брашно од наут, шеќер, сол и сода бикарбона.

3. Се мешаат, па се додава растително масло и јаболков оцет.

4. На крајот, полека и внимателно, се меша и минералната вода.

5. Сувите состојки се мешаат со влажните, за да се добие течна смеса.

6. Во модла за леб се става хартија за печење, се истура тестото и се израмнува.

7. Модлата се става во загреана рерна 35-40 минути.

8. Со чепкалка проверуваме дали лебот од наут е готов, односно дали таа останува сува по боцкањето на лебот.

Рецепт за леб од брашно од наут

9. Лебот од брашно од наут се остава да се излади во модлата, а оттаму се префрлува на даска и се сече.

леб од брашно од наут

Повеќе