За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Леб без квасец со неверојатно крцкава кора

ВРЕМЕ ЗА ЧИТАЊЕ 3 min Сподели

Обично е потребен голем труд за да се направи одличен домашен леб. Ако квасецот го замениме со сода бикарбона, лебот не треба да се меси или да нараснува, а печениот леб ќе има рустикална кора и мека средина.

Сода бикарбона е исклучително корисна состојка, бидејќи може да се користи и за чистење и за готвење. Тоа е основно соединение кое во контакт со киселина формира јаглерод диоксид. Заедно со јогуртот се однесува на ист начин како прашокот за пециво во овој леб. Не треба да се претерува, зашто може да остави непријатен вкус.

Состојки за леб без квасец

500 g брашно од бела пченица
360 g цврст јогурт
90 ml вода
1 лажичка шеќер
1 лажичка сода бикарбона
1 полна лажичка сол

recept-za-leb-bez-kvasec

Постапка

1. Загрејте ја рерната на 200 °C.

2. Измешајте го брашното со сода бикарбона и просејте ги во поголем сад.

3. Додаваме шеќер и сол.

4. Сипаме јогурт и вода.

5. Состојките брзо ги мешаме.

6. Тестото се става на набрашнета површина.

7. Со рацете формираме лепче од тестото кое е доста лепливо.

 

 

8. Посипете го со брашно, на врвот на лебот со помош на нож направете крст и ставете го во загреана рерна.

Рецепт за леб без квасец

 

9. Печете го лебот 40-45 минути на 200 ° C.

recept-za-leb-bez-kvasec argeta

Повеќе