За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Стани креативен со нашиот предизвик за оброк од три јадења

Време за читање 2 min Сподели

Дали ти е здосадено секојдневно да се соочуваш со дилемата што да зготвиш утре? Понекогаш е потребно некој да не удри со малку креативност. Не зборуваме за удар од готвач со Мишелин ѕвезди или професор. Зборуваме за мал сладок удар што понекогаш прави да се сопнеме и паднеме. Знае да биде гласен, понекогаш нè тера да заплачеме, но на крајот на денот, тоа е удар што го сакаме највеќе.

Кој ќе биде задолжен за тој удар со креативност?

Зашто да не им препуштиме на нашите деца да го направат токму тоа и да ни помогнат со креативната блокада во кујната? Дали има некој друг што би можел да го направи тоа подобро? Да нè потсети за момент дека несовршенството е всушност совршенство со сите свои забавни, невини и слободни моменти.

Што ќе правиме?

Најпрво ќе создадеме луди, забавни и искрени спомени со нашите деца.

Целта на оваа вежба е да се препуштиме. Звучи едноставно, нели? Ќе го оставиш твоето малечко да ја направи целата работа, да биде готвач. И бидејќи во секоја вежба има предизвик, твоето малечко ќе треба да ги вклучи производите на Аргета во јадењата.

Твоето малечко ќе подготви три различни јадења: појадок, попладневна ужина и вечера. Ние ќе ти ги пишеме основните групи на храна за секое од јадењата. Ти одлучи што ќе купиш и колку ќе купиш, а твоето малечко ќе ги комбинира намирниците во неговиот Шеф Јуниор рецепт:

Појадок:

  • Овошје
  • Млечни производи

Попладневна ужина:

  • Протеини
  • Зеленчук

Вечера:

  • Житни производи
  • Млечни производи

Повеќе