Новата миленичка на гурманските сладокусци, Argeta Exclusive à la chef Luka Košir, ја побара инспирацијата во природата и изненади со неочекувана хармонија на вкусови. Црното лонче, сега со иновативен стил на главниот готвач Лука Кошир, нуди специјалитет од патка, кој со раскошната ванила и пржените лешници изненадува со нова димензија на вкусови, вешто заокружена со кардамом, цимет, каранфилчиња и пименто. Новата Argeta Exclusive à la chef Luka Košir можете и сами да ја пробате, бидејќи за ограничено време таа е веќе достапна во подобро снабдените продавници.

Уникатен специјалитет од патка

Лука Кошир ја започна својата готварска кариера во ресторантот JB под менторство на главниот готвач Јанез Бартовж. Наскоро тој одлучи да го следи сопствениот сон и тргна на сопствен пат како раководител на семејниот ресторант Grič, каде што убавините од дивата природа се претвораат во кулинарски уметнички дела. Негова желба беше да создава според сопствената филозофија и идентитет што се базирани на користење локални состојки самостојно обезбедување храна, што опфаќа цел опсег дејности, како што се хортикултура, собирање храна и лов. Лука Кошир е главно познат по неговото иновативно користење сезонски состојки и тесната врска со природата, што му овозможува да им понуди на гостите храна „директно од нива на чинија“, како што самиот кажува. Едно од најизненадувачките јадења во неговата понуда се мравки, што сам ги собира во блиската шума, но специјалитет на неговата куќа се патки што Лука сам ги одгледува на сопствената органска фарма. Затоа месото од патка, како негов специјалитет, е главна состојка на новата Argeta Exclusive, која е направена од навистина првокласно место. Со додавањето ванила и пржени лешници, новата Argeta Exclusive à la chef Luka Košir изненадува со нова димензија на вкусови, вешто заокружена со кардамом, цимет, каранфилчиња и пименто. Уште еднаш Argeta покажа, како искусен тим кој верува во своите идеи може да создаде извонредни производи и, наспроти предизвиците што ги поставува широкото производство, може да направи гурманска приказна.

Според зборовите на Ензо Смрекар, генералниот директор на стратешкото деловно подрачје Деликатесни намази и идеен татко на оваа деветта Argeta Exclusive, „Argeta секогаш се стреми да го понуди најдоброто, а со овој ексклузивен вкус нуди нешто навистина посебно. Признание за сите мајстори готвачи, бидејќи без нивниот труд не би биле овие ексклузивни доживувања и, се разбира, за искусниот тим стручњаци на Argeta кои уште еднаш исклучително добро соработуваат со главниот готвач Лука Кошир. Со гордост можам да кажам дека Argeta Exclusive à la chef Luka Košir навистина ги одразува сите нијанси на врвниот и иновативен рецепт на младиот виртуоз, главниот готвач Лука Кошир.“