Производите на argeta добија нилсенов сертификат

Компанијата за истражување на пазарот Нилсен утврди дека Argeta е „Паштета број еден во Европа“. Нилсеновите сертификати важат за едни од највредните, бидејќи компанијата ги врши своите истражувања директно со трговците. Компанијата е присутна во повеќе од 100 држави и нејзините истражувања опфаќаат 90% од светската популација.

Прво концентрат за супа, потоа паштета и понатаму

Концептот на паштетата е развиен во 1963 година. Таа година, Argeta – во тоа време под друго име – беше нуспроизвод на пилешка супа од која се правеше концентрат за супа. Подоцна, управата излезе со идеја за користење избрани парчиња од пилешкото месо во комбинација со природни зачини и растителни масла. Така настана кокошкината паштета, денес позната како Argeta. Потоа Argeta го дополни опсегот на вкусови. Денес, таа нуди паштети од месо и од риба како и намази од зеленчук.

Основите на успехот на argeta

Ензо Смрекар, генералниот директор на деловното подрачје Деликатесни намази во Атлантик Група рече: „Успехот на Argeta е изграден на довербата во нејзините главни производи и со остварување на пораката што брендот ја шири меѓу потрошувачите. Во денешниот свет со супститути на храната и разни новосоздадени трговски марки, менаџерот на пазарот мора да биде истраен, храбар и да има разбирање. Тоа значи дека мора постојано да ги следи и почитува трендовите, да избира добри деловни партнери и советници во кои може да има доверба, но пред сè да го задржи фокусот и да ги насочува брендовите кон зацртаната цел. И понатаму.“

Паштетата Argeta е познат и популарен производ на локалните и на странските пазари. Производите на Argeta сега се продаваат во 28 земји, меѓу кои се и Австралија, Канада, САД и Обединетите Арапски Емирати. Пред ова големо постигнување, паштетата Argeta беше број еден во Словенија, Австрија, Швајцарија, Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и Хрватска. Исто така, таа има голем удел и препознатливост на пазарите во Германија, Србија и Шведска.