На овој начин Argeta се придружи на ексклузивната група од 0,03 брендови во светот кои се препознатливи за јавноста според дизајнот, бојата или шарата, како: Milka, Manner, Burberry, Louboutin и Whiskas.

Според достапните податоци, Атлантик Група е прва комерцијална компанија со седиште во Централна и Југоисточна Европа (со исклучок на Австрија) што успеала во тоа во повоената историја.

Словенечкото биро за интелектуална сопственост издаде одлука за регистрација на бојата како трговска марка врз основа на барањето, кое заедно со резултатите од истражувањето на факултетот за економија во Љубљана – „Верификација на ефектот за диференцијација на бојата во категоријата на паштети“, спроведено од проф. д-р. Весна Жабкар, водител, проф. д-р. Барбара Чатер, проф. д-р. Митја Ковач и асистент проф. д-р. Јака Церец,

докажа дека:

  • релевантните потрошувачи ја идентификуваат конкретната боја со потеклото на стоката,
  • таквата боја има семиотски статус за конкретно – многу строго – утврден производ или услуга,
  • јавноста ја гледа таквата боја како „марка“ и
  • таквата боја има ефект на диференција.

Собраните емпириски докази од студијата укажуваат точно на тоа дека – тие категорично покажуваат дека релевантните потрошувачи во 61,1% од случаите ја поврзуваат бојата Pantone 159c со потеклото на стоката, дека оваа конкретна портокалова боја има семиотски статус за конкретно – многу строго – утврден производ или услуга (т.е. во овој случај паштета Argeta), дека јавноста ја гледа оваа боја како „марка“ и дека овој вид на боја има ефект на диференцијација. Истражувањето покажа дека релевантниот потрошувач во 61,1 % од случаите ја поврзува бојата Pantone 159C со потеклото на стоката, што е многу слично со процентот во случаите на Whiskas во Whiskas (R 1620/2006-2 (Purple)), каде процентот беше 58% и каде судот немаше никакви резерви во врска со регистрирањето на бојата како трговска марка.

За Argeta тоа значи дека во Словенија никој не може да ја користи наведената боја на пакување за паштети и намази.