За правилно функционирање на веб-страницата и за подобрување на вашите искуства користиме колачиња: потребни, аналитички и маркетиншки. Со нив можете да управувате со кликање на „нагодување на поставките“. Детални информации можете да најдете во нашата Политика за колачиња.

Детски манири на маса

Време за читање 2 min Сподели

Дали некогаш во ресторан си видел некого кој немал никакви манири на маса? Лактите му се на масата, џвака гласно и е некултурен кон келнерот? Знаеме, не е убава глетка и затоа мислиме дека е важно што е можно поскоро да почнеме да ги учиме децата на соодветни манири на маса. На овој начин, бонтонот и манирите ќе им станат навика и ќе се однесуваат учтиво дури без да мислат на тоа.

Па, како можеме да ги научиме нашите деца на манири?

Пред сѐ, мора да бидеме добар пример – знаеш дека нашите деца имитираат сѐ што правиме ние, па имај го тоа на ум и покажи им што е правилно однесување. Едноставен совет е само да го вежбаш тоа. Можеби можеш да ги седнеш децата на „проба“; не мора да јадете навистина, а и може да направиш игра од целата ситуација. Детето кое најдобро ќе се однесува ќе може да избере која Argeta паштета ќе ја отворите за вечера.

Исто така, обиди се да глумиш како не треба да се однесуваат, можеби побрзо ќе ја разберат поентата ако им дадеш „визуелен пример“ за тоа што не треба да прават; но, сето тоа изведи го на весел начин. Така, на пример, земи огромен залак од храната и почни да џвакаш гласно, обидувајќи се да задржиш сериозен израз на лицето – тие дефинитивно ќе го забележат тоа и ќе си помислат, „зошто мајка ми или татко ми го прави ова? Нема смисла.“ Сега тие имаат визуелен пример, чудно чувство, а ти секако им кажуваш дека ова е однесување кое не треба да се толерира и кое никаде не изгледа убаво.

Argeta паштетите ги снемува многу брзо, бидејќи се толку вкусни, па затоа јади мали залчиња и научи ги децата да велат „може ли, те молам, да отвориме уште една Argeta?“ Најважно е да велат „те молам“ и „благодарам“.

Ова се само неколку примери како да ги научиме нашите деца на добри манири на маса: да велат „те молам“ и „благодарам“, да јадат на мали залчиња, и едноставно да воспоставиме модел на однесување со тоа што ние самите ќе се однесуваме учтиво. За да добиеш повеќе совети, претплати се на нашиот билтен и наскоро повторно ќе разговараме!

Повеќе